Озајуки Џеф Екатор (роден на 11 ноември 2006 година, во Џенова) — италијански фудбалер, напаѓач на Јувентус.
Биографија Роден во Џенова од нигеријски родители, тој пораснал во населбата Сампјердарена, заедно со неговите две сестри.
Технички карактеристики Напаѓач со одлична физичка сила, брзина и способност да се движи низ целата напаѓачка линија, кој одличниот голгетерски инстинкт го комбинира со подготвеност да се жртвува за тимот. Овие карактеристики, во комбинација со неговата млада возраст, го прават играч со голем потенцијал за иднината.
Клупска кариера Почетоци и Џенова Екатор започнал да игра фудбал на тригодишна возраст, приклучувајќи се на фудбалската школа УС Дон Боско од Сампјердарена; На осумгодишна возраст, откако бил забележан од скаути на и , на крајот се приклучил на младинската школа на . Откако ги минал сите младински категории во клубот вклучително и Примавера тимот, освојувајќи го и првенството до 18 години во 2024 година, станал постојан член на првиот тим во пресрет на сезоната 2024-2025, под водство на тренерот Алберто Џилардино.
На 9 август 2024 година, дебитирал за првиот тим и во професионалниот фудбал, влегувајќи на местото на Витиња во 85-тата минута од натпреварот од прелиминарната рунда на Купот на Италија против , кој Џенова го добила со 1-0. Осум дена подоцна дебитирал и во Серија А, влегувајќи на местото на Милан Бадељ во 86-тата минута од натпреварот против , кој завршил со резултат 2-2. На 5 октомври истата година го постигнал својот прв професионален гол, во поразот со 5-1 во првенството од ; со тоа станал првиот играч роден во 2006 година, кој постигнал гол во највисоката италијанска лига, како и четвртиот најмлад стрелец во историјата на Џенова. Тој останал дел од ротацијата на лигурискиот тим и во вториот дел од сезоната, по доаѓањето на новиот тренер Патрик Виера, завршувајќи ја првата сезона како професионалец со вкупно 25 настапи и еден гол.
Во сезоната 2025-2026, младиот напаѓач постигнал четири гола, од кои последниот во победата со 2-1 против Пиза. Исто така, го постигнал својот прв гол во Купот на Италија, за конечни 3-1 против Емполи.
Јувентус На 1 јули 2026 година, Екатор потпишал за Јувентус, во трансфер вреден 16 милиони евра плус 2 милиони во бонуси.
Репрезентативна кариера Екатор ја претставувал Италија во младинските селекции, играјќи за репрезентацијата под 19 години, забележувајќи 11 настапи и 3 гола во периодот помеѓу 2024 и 2025 година.
Во август 2025 година, откако првично бил вклучен во репрезентацијата под 20 години, тој го добил својот прв повик во репрезентацијата под 21 година, од селекторот Силвио Балдини, за натпреварите од квалификациите за Европското првенство против Црна Гора и Македонија. Дебитирал за „аѕурините“ на 5 септември, влегувајќи во игра на местото на Антонио Раимондо во 80-тата минута од натпреварот против Црна Гора, добиен со 2-1. На 14 октомври истата година, тој го постигна својот прв гол за тимот под 21 година во победата од 5-1 против Ерменија.
Повикан за првпат во сениорската репрезентација на Италија од страна на вршителот на должноста селектор, Силвио Балдини, тој дебитирал на 7 јуни 2026 година, на 19-годишна возраст, играјќи како стартер во натпреварот добиен со 1-0 на гостувањето кај , со што станал најмладиот фудбалер во историјата на , кој дебитирал за Италија: прикажувајќи добра игра, Екатор му асистирал на Пио Еспозито за победничкиот гол.
Хорнологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 1 јули 2026. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2024-2025 А 24 1 КИ 1 0 - - - - - 25 12025-2026 А 30 3 КИ 2 1 - - - - - - 32 4 Вкупно Џенова 54 4 3 1 - - - - 57 5 2026-2027 А 0 0 КИ 0 0 ЛЕ - - - - 0 0Вкупно во кариерата 54 4 3 1 - - - - 57 5
Наводи
Надворешни врски
Џеф Екатор на soccerway Џеф Екатор на transfermarkt Џеф Екатор на espn Џеф Екатор на tuttocalciatori Џеф Екатор на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А