Dryopteris villarii е повеќегодишен папрат по потекло од Централна и Југоисточна Европа, како и од Западен Кавказ. Првпат е опишан во 1915 година.
Опис Ова е папрат со ризом од хоризонтална до вертикална положба. Листовите се долги до 60 см, кожести, вертикални. Долната страна на листот, оската на листот и главните нерви на ливчињата се со многубројни жолтеникави жлезди, додека на горната страна жлездите се поретки.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 70, МАНУ, Скопје, 1985
Распространетост Dryopteris villarii се појавува во доломитни и варовнички подлоги, сипар, гребени, карпести изданоци, грмушести и неалпски и несолени тревни површини. Се среќава помеѓу 500 м и 2000 м. Толерантна е на секаков вид почва, иако претпочита алкална.
Во Македонија Во Македонија расте по варовнички карпи и камењари во планините и клисурите. Позната е за Шар Планина, Бистра, Рудока, потоа Крчин, Јакупица и клисурата на реката Треска.
Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија