Бохемиски здравец () — вид цветно растение кое припаѓа на семејството Geraniaceae. Првпат е опишан во 1756 година од Карл Линеj.
Опис Општи одлики и стебло Бохемискиот здравец е едногодишно или двегодишно растение, високо 30–60 см. Стеблото е вертикално, разгрането, со густи куси жлездести влакна и долги поретки расперени влакна, многу лепливо и со многу остар мирис.
Листови Листовите се тркалезно-петаглести, широки 2 до 6 см, до 3/4 пересто-насечени на 5–7 обратно-јајцевидни или ромбични делови, кои повторно, неправилно и плитко се насечени на 3 или повеќе назабени сегменти. Листовите од двете страни се влакнести, зелени, или повеќе или помалку црвеникави. Базалните листови се со многу долги дршки, а стеблените листови, кои се наспрамни, се со куси лисни дршки. Лисните дршки се со густи куси жлездести влакна и ретки долги влакна. Прилисниците се копјести, постепено долго заострени и со жлездести влакна по работ.
Соцветие и цвет Соцветието е дифузно. Цветовите се по 2, со куси дршки, но со заедничка долга дршка, а на границата помеѓу нив има 4 линејни прицветници со жлездести влакна по работ.
Чашка и венче Чашката е долга 4 до 6 мм. Чашкините ливчиња се широко-елиптични, со 3 до 5 испакнати жили, со многубројни долги влакна и куси жлездести влакна, а со образувањето на плодот тие се зголемуваат. Венчето е сино-виолетово. Венечните ливчиња се обратно-јајцевидни, на врвот многу плитко всечени, долги 4 до 6 мм, а во основата по работ од двете страни се влакнести.
Прашници и плод Прашниците се мали, а филаментите во основата по работ се влакнести. Плодните делови се влакнести и без хоризонтални брчки. Клунестиот дел на плодот по површината е со расперени жлездести влакна. Семките се сивокафеави, со мрежеста структура по површината.
Живеалиште Расте на влажни тревести и засенчени места.
Распространетост Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Европа Северна Европа Финска, Норвешка, Шведска Средна Европа Чехословачка, Германија, Унгарија, Полска, Швајцарија Југозападна Европа Корзика, Франција, Сардинија, Шпанија. Југоисточна Европа Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Југославија. Источна Европа Белорусија, Балтички Држави, Крим, Украина, Средноевропска РУсија, Истопчноевропска РУсија, Северноевропска Русија, Јужноевропска Русија, Севернозападна Европска Русија. Азија Кавказ Закавказје, Северен Кавказ Западна Азија Турција
Македонија Во Македонија не е сретнат овој вид, но е спомнат од повеќе автори на почетокот на 20 век.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Здравец Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа