Жабјаци (науч. Caltha) ― род на ризоматозни повеќегодишни цветни растенија од семејството лутичиња, Ranunculaceae, со припишани десет видови. Тие се јавуваат во влажни средини во умерени и ладни региони и на северната и на јужната хемисфера. Нивните листови се генерално во форма на срце или бубрег, или се карактеристично диплофилни (ушните перки на листот формираат јасно свиткани додатоци). Цветовите се во форма на ѕвезда и претежно жолти или бели. Вистинските ливчиња и нектариуми недостасуваат, но петте или повеќе чашкини ливчиња се јасно обоени. Како и обично кај лутичињата има круг од прашници околу (од два до дваесет и пет) слободни толчници.

Галерија

Распространетост Видовите од овој род растат во студените и умерени региони на северната хемисфера, Андите и Патагонија, како и во алпските области во Австралија и Нов Зеланд. Отсутен е на пониските надморски височини во тропските и суптропските предели, во Африка, на Гренланд и на некои други арктички острови, на Антарктикот и субантарктичките острови и на океанските острови. Во Македонија расте само видот Caltha palustris.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 97, МАНУ, Скопје, 1985

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија