Реканска Каза — административна единица меѓу санџак и нахија во Отоманското Царство. Била дел од Дебарскиот Санџак на Битолскиот Вилает. Средиштето на казата се наоѓал во местото Жировница. Казата се состоела од две нахии, Горнореканска и Долнореканска Нахија кои содржеле вкупно 47 села. На почетокот на дваесеттиот век, жителите биле поделени на христијани и муслимани - Торбеши, а христијаните меѓу себе биле поделени на патријаршисти и егзархисти, или србиомани и бугарофили, како што се нарекувале едни со други. Луѓето од другите области, без оглед на нивната припадност, ги нарекувале Реканци.La Macédoine et sa population chrétienne, avec deux cartes ethnogtaphiques
Население Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, во Реканската Каза живееле 25 539 жители, од кои: народвкупен број% од вкупното населениеМакедонци / хрис.12.01547,05Македонци / мусл.6.56525,71Албанци/христијани3.22112,61Албанци/муслимани3.73814,64Вкупно25.539100 % религијавкупен број% од вкупното населениехристијани15.23659,66муслимани10.30340,34Вкупно25.539100 %
Наводи
Категорија:Кази во Отоманското Царство Категорија:Кази во Дебарскиот Санџак