мини|Букмејкери на кучешки трки во Рединг, Беркшир Букмејкер ( = „составувач на книги“) — професионалец што се занимава со примање парични облози на различни претстојни настани (најчесто спортски) со претходно утврдени коефициенти, кои се определуваат според веројатностите, како и со исплата на добивките. Букмејкерите примаат облози на коњски и кучешки трки, како и на исходи од разни спортски, политички, културни, финансиски, временски и други настани. За букмејкерот е важно добро да знае да ги предвидува (самостојно или врз основа на други предвидувања) претпоставените веројатности на настаните на кои се примаат облози, како и иднината и популарноста на различните облози меѓу потенцијалните клиенти.

Дејност

Користени бонуси За да привлечат клиенти, букмејкерите користат бонусни понуди: бонус на прв депозит за нови корисници — процент од сумата на депозитот што се доделува веднаш штом новиот играч ја уплати сметката; бонус што е еднаков на сумата од првиот облог; бонус за комбинирани облози (експресни облози) — процентот на бонусот зависи од тоа од колку настани се состои тикетот; поврат на средства (кешбек) — одреден процент од изгубените парични средства што му се враќа на играчот на салдото; исплата пред време (кешаут) — делумен поврат на средства од активен облог што води кон загуба. Некои букмејкери нудат кешаут за облози чиј исход е веќе извесен пред завршувањето на спортскиот настан, исплаќајќи ја добивката по забрзана постапка; бесплатен облог (фрибет) — облог што клиентот на букмејкерот може да го склучи бесплатно, односно без користење сопствени средства. Фрибетите се законски забранети во некои земји, на пример во Данска.

Онлајн обложување Со зголемениот број на онлајн обложувалници, обложувалниците сега нудат бесплатни облози во обид да ги привлечат клиентите од конкуренцијата. Овие бесплатни облози обично се засноваат на големината на депозитот уплатен на сметката за обложување. На пример, ако клиентот уплати 20 фунти, обложувалницата би доделила дополнителни 20 фунти што клиентот може да ги искористи. Правилата за бесплатните облози разнообразуваат во зависност од обложувалницата.

Наводи

Категорија:Професии Категорија:Сметководители