Delphinium balcanicum — цветно растение, кое припаѓа на родот Delphinium.

Опис Едногодишно растение високо до 50 см. Стеблото е разгрането во горната половина, со прилегнати или слабо расперени влакна. Листовите длановидно насечени. Цветовите собрани во погусти гроздести соцветија, синовиолетови по боја.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 101, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Во Македонија расте по тревести и каменливи места, по брдски пасишта, меѓи и ниви. Широко распространето растение, го има низ речиси цела Македонија, се искачува по падините на планините, а е многу често и во клисурите.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа