Ranunculus sartorianus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по варовнички камењари во алпскиот и субалпскиот појас. Често растение е, а го има на планините Бистра, Галичица, Кожуф и Дудица, а се посочува дека е видено и на Кораб.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 124, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно растение високо до 30 см. Ризомот со обвивка од изумрени листови. Стеблото е неразгрането со прилегнати или расперени влакна. Стеблените листови целокрајни или длабоко насечени на 2-5 линејни дела. Цветот е крупен, а чашкините ливчиња се прилегнати кон венчето, влакнести со широк ципест раб. Венчето е долго 10-15 мм.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа