Хрватско лутиче (науч. Ranunculus carinthiacus) — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по суви почви богати со варовник.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 124, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение. Стеблото е со прилегнати или расперени влакна. Ризомот е гол, поретко со обвивка од ракавците на изумрените листови. Базалните листови се голи, обично до основата триделни. Чашкините ливчиња се со нежни и ретки влакна Ливчињата на венчето се долги 5-15 мм, оревчето е со кус клун прилегнат кон него.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа