Ranunculus psilostachys — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по суви и топли тревести места и околу грмушестите растенија. Многу често растение е, и се среќава во сите котлини и клисури и на планините до 2000 метри надморска височина.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 132, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение, со тенки кончести и вретеновидно задебелени корења. Стеблото е високо 15-40 см, поединечно, во горниот дел слабо разгрането. Листовите се со густи прилегнати свиленести влакна, особено на долната страна. Цветните дршки се долги, круглести и влакнести. Цветовите се 20-30 мм во пречник, чашкините ливчиња густо влакнести со долги и меки влакна, двојно помали од венчето.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа