Полско лутиче (науч. Ranunculus arvensis) е растителен вид од семејството лутичиња, Ranunculaceae. Потекнува од Европа, а може да се најде на други континенти како воведен вид, а понекогаш и како плевел, вклучително и во Северна Америка и Австралија. Порано бил вообичаен плевел во Британија, но веќе е редок таму. Најчесто се наоѓа на влажни места, како што се пролетните барички на ливадите.
Во Македонија расте по нивите како плевел, по меѓите, напуштените ниви и по брдските пасишта до 1000 метри надморска височина. Ова е широкораспространето растение, познато за Скопско, Кумановско, Велешко, Овчеполско, Мавровско, Пробиштипско, по клисурите на повеќе реки и на други места, речиси низ цела Македонија.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 131, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Ова е едногодишно растение високо 10-60 см, голо или влакнесто. Најдолните листови се прости, грубо назабени, а останатите во основата се триделни, средниот дел со дршка. Цветната дршка е круглеста. Цветовите се во голем број и светложолти, 8-15 мм во пречник.
Наводи
Надворешни врски
Jepson Manual Treatment Washington Burke Museum Photo gallery
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Англија Категорија:Флора на Европа Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија