Илирско лутиче (науч. Ranunculus illyricus) е заштитено растение во Унгарија од семејството лутичиња. Оваа повеќегодишна билка може да се најде на пасишта и тревни површини и обично е 15 до 30 см висока.

Опис Има бели влакна. Стеблата и листовите се трикомпозитни, а цветните ливчиња се жолти и заоблени. Цвета во мај и јуни. Цветната дршка е круглеста, а цветовите се 20-30 мм во пречник.

Во Македонија Во Македонија расте по суви каменливи места во појасот на дабовите шуми. Широко распространето растение е, и се среќава во Скопско, Прилепско, Велешко, Овчеполско, Кочанско, Штипско, Неготинско, Крушевско, Дебарско, Дојранско, Таорска Клисура, клисурата на Тополка, и на други места.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 133, МАНУ, Скопје, 1985

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа