Кошнеш — историско село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга, денес сместено во атарот на планинското село Поум.
Географија и местоположба
Селото се наоѓало на околу 500 метри пониско од денешното село Поум. Денес, површините на некогашното село се обработуваат.
Историја
Мештаните на Поум пренесуваат дека кога дошле нивните предци околу 1800 година го затекнале малото село Кошнеш, кое било населено со словенско-христијанско население. Потоа, неговите жители се иселиле. Некои заминале во струшкото село Драслајца (1 к.), други во Кичевско, а трети во Бугарија.
Се зборувало дека на атарот на раселеното Кошнеш имало еден бунар со доста златни работи, но тој бунар никогаш не бил пронајден.
Стопанство
Целокупниот атар на селото припаѓа на селото Поум.
Поврзано Општина Струга Струшко Поле
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Поум