Назабенолисно лутиче (науч. Ranunculus crenatus) — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по влажни високопланински пасишта и камењари со длабока почва. Многу често растение е за Шар Планина, Кораб, Јакупица и Пелистер, а се посочува и за планините Бистра, Рудока и Ниџе.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 138, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение со обични тенки и слабо задебелени корења. Стеблото е високо 4-15 см, вертикално е, неразгрането и голо. Листовите се собрани во основата, базалните листови се речиси круглести, во основата срцевидни, листовите се со долги дршки кои во основата се проширени во ракавец. Цветовите се бели, еден до два, во пречник 15-25 мм. Чашкините ливчиња се голи, расперени, прилегнати кон венчето.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа