Црско — историско село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга, денес сместено на граница на атарите на струшките села Делогожди и Корошишта.
Географија и местоположба
Црско се наоѓало на висок терен источно од планинското село Поум. Поум било релативно поголемо и изразено планинско село. Планинскиот дел на денешните низински села Делогожди и Корошишта припаѓал на некогашното село Црско.
Историја
Црско било населено со словенско-христијанско население. Тие се иселиле во текот на век, бидејќи во околните села — Поум, Делогожди и Корошишта — преовладувале доселените муслимански Албанци. Тие ги присвоиле пасиштата и шумите на селото Црско, поради што неговите жители го напуштиле селото.
Како село, Црско е споменато во една стара народна песна.
На старото место на селото има остатоци од куќни ѕидови и гробови, како и една чешма. Во близина на месноста се наоѓа и локалитетот Киша („Црква“). Како официјално археолошко наоѓалиште е заведено Црско во Делогожди и е запишано дека е сакрален објект од средниот век.
Стопанство
Целокупниот атар на селото е поделен на селата Делогожди и Корошишта.
Население
Иселеништво
Иселеници има во низинското село Климештани (Белески, 15 к.). Други иселеници заминале во струшкото село Драслајца (Стојановци, околу 20 к.), Кичево и Битола.
Поврзано Општина Струга Струшко Поле
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Делогожди Категорија:Корошишта