мини|408x408пкс| Во „Марија со долг врат “ (1534–1540) од Пармиџанино, маниризмот се одликува со издолжени сразмери, високо стилизирани пози и отсуство на јасна перспектива. Маниризам, познат и како доцна ренесанса — стил во европската уметност што се појавил во подоцнежните години на италијанската висока ренесанса околу 1520 година, се проширил до околу 1530 година и траел до крајот на 16 век во Италија, кога во голема мера бил заменет со барокниот стил. Северниот маниризам продолжил да опстојува и во почетокот на 17 век.
Стилски, маниризмот опфаќа различни пристапи кои се под влијание на хармоничните идеали поврзани со уметниците како Леонардо да Винчи, Рафаел и раниот Микеланџело, но истовремено претставуваат и реакција кон нив. Додека уметноста на високата ренесанса нагласува сразмерност, рамнотежа и идеална убавина, маниризмот ги преувеличува таквите квалитети, што често резултира со композиции кои се асиметрични или неприродно елегантни. Стилот е познат по својата интелектуална префинетост и вештачките (наспроти природните) одлики. Овој уметнички стил ѝ дава предност на композициската напнатост и нестабилност пред рамнотежата и јасноста на претходното ренесансно сликарство. Маниризмот во книжевноста и музиката е познат по својот многу нагласен стил и интелектуална префинетост.
Дефиницијата на маниризмот и неговите фази сè уште се предмет на расправа меѓу историчарите на уметноста. На пример, некои научници ја примениле одредницата на одредени рани модерни облици на книжевноста (особено поезија) и музика во 16 и 17 век. Поимот се користи и за некои доцноготски сликари кои работеле во Северна Европа од околу 1500 до 1530 година, особено маниристите од Антверпен — група неповрзана со италијанското движење. Маниризмот бил применет по аналогија и на сребрената доба на латинската книжевност.
Именување мини|245x245пкс| Лаокооновата група — античка скулптура повторно откриена во 1506 година, а денес се чува во Ватиканските музеи. Маниристичките уметници исклучително многу ѝ се восхитувале на оваа скулптура. Зборот маниризам потекнува од италијанскиот збор maniera, што значи „стил“ или „манир“. Во второто издание на неговите „Животи на најдобрите сликари, скулптори и архитекти“ (1568), Џорџо Вазари го користел зборот „maniero“ во три различни контексти: за да расправа за начинот на работа на уметникот; за да опише личен или групен стил, како што е поимот „maniera greca“, кој се однесува на византискиот стил или едноставно на maniero на Микеланџело; и за да потврди позитивен суд за уметничкиот квалитет. Вазари бил и маниристички уметник и го опишал раздобјето во кое работел како la maniera moderna, или модерен стил.Briganti 1961, 6. Џејмс В. Мироло опишува како поетите на „bella maniera“ се обидувле да ги надминат сонетите на Петрарка во виртуозност. Оваа идеја за bella maniera сугерира дека уметниците кои биле вдахновени на тој начин се стремеле да ги копираат и подобрат своите претходници, наместо непосредно да се соочат со природата. Во суштина, bella maniera ги зела најдобрите од многу изворни материјали и ги синтетизирала во нешто ново. Како стилска етикета, маниризмот не е лесен за дефинирање. Го користел швајцарскиот историчар Јакоб Буркхарт и го популаризирале германските историчари на уметноста на почетокот на 20 век за да се категоризира навидум некатегоризираната уметност од италијанскиот 16 век - уметност за која повеќе не било можно да се прикажат хармоничните и рационални пристапи поврзани со високата ренесанса. Високата ренесанса „означи раздобје што го одликувала хармонијата, величината и оживувањето на класичната антика“. Изразот маниризам бил реинтерпретиран во 1967 година од страна на Џон Ширман по изложбата на слики од маниристите организирана од Фриц Гросман во Уметничката галерија во Манчестер Сити во 1965 година. Одредницата маниризам во 16 век се користел за коментирање на општественото однесување и за префинет виртуозен квалитет или за означување на одредена техника. Сепак, за подоцнежните писатели како што е Џан Пјетро Белори во 17 век, la maniera бил навредлив израз за наводниот пад на уметноста по Рафаел, особено во 1530-тите и 1540-тите.Smyth 1962, 1–2. Од крајот на 19 век па наваму, историчарите на уметноста често го користат изразот за да опишат уметност што го следи ренесансниот класицизам и му претходи на барокот. Сепак, историчарите се разликуваат околу тоа дали маниризмот е стил, движење или раздобје. Иако поимот останува контроверзен, тој сè уште најчесто се користи за да се идентификува европската уметност и култура од 16 век.Cheney, "Preface", xxv–xxxii, and Manfred Wundram, "Mannerism," Grove Art Online. Oxford University Press, [accessed 23 April 2008].
Потекло и развој мини|230x230пкс| Избрани фигури, ignudi, од таванот во Систинската капела на Микеланџело На крајот на високата ренесанса, младите уметници доживеале криза: се чинело дека сè што можело да се постигне веќе било постигнато. Немало повеќе технички или други проблеми што требало да се решаваат. Подробното познавање на анатомијата, светлината, физиономијата и начинот на кој луѓето ги покажуваат чувствата преку изразот и гестот, иновативната употреба на човечкиот облик во фигуративната композиција, како и употребата на суптилна градација на тонот, биле речиси совршени. Младите уметници морале да најдат нова цел и да бараат нови пристапи. Во тој миг почнал да се појавува маниризмот. Новиот стил се развил помеѓу 1510 и 1520 година во Фиренца, во Рим или во двата града истовремено.
Потекло и улога на моделите Ова раздобје е опишано како „природно продолжение“ на уметноста на Андреа дел Сарто, Микеланџело и Рафаел. Микеланџело уште на рана возраст развил свој длабоко изворен стил, кој првично бил многу восхитуван, а потоа често копиран и подражаван од други уметници од таа ера. Една од особините што најмногу ги восхитувала неговите современици била неговата terribilità, чувство на стравопочит, а подоцнежните уметници се обиделе да ја подражаваат. Други уметници го усвоиле страсниот и многу личен стил на Микеланџело со копирање на делата на мајсторот, стандарден начин за учениците да учат да сликаат и да вајаат. Неговиот таван во Систинската капела им дал примери, особено неговото претставување на собрани фигури, машки актови наречени игнуди и либиската сибила, неговото претсобје во Лаврентиевската библиотека, ликовите во гробницата на Медичи и, пред сè, неговиот Страшен суд. Подоцнежниот Микеланџело бил еден од најголемите претставници на маниризмот. Млади уметници провалиле во неговата куќа и му ги украле цртежите. Џорџо Вазари, во својата книга „Животите на најдобрите сликари, скулптори и архитекти“, забележал дека Микеланџело еднаш рекол: „Оние што се следбеници никогаш не можат да го надминат оној што го следат“.
Натпреварувачки дух Натпреварувачкиот дух го поттикнувале покровителите, кои ги охрабрувале спонзорираните уметници да ја нагласат виртуозната техника и да се натпреваруваат едни со други за добивање нарачки. Уметниците биле поттикнувани да бараат нови пристапи и драматично осветлени сцени, детално изработени костими и композиции, издолжени сразмери, високо стилизирани пози и отсуство на јасна перспектива. Гонфалониерот Пјеро Содерини ги нарачал на Леонардо да Винчи и на Микеланџело да украсат ѕид во Салата на петстотините во Фиренца. Се велело дека овие двајца уметници сликаат еден до друг и се натпреваруваат еден со друг, што ги охрабрувало да бидат што е можно поиновативни. алт=copy of lost painting that had been by Michelangelo|мини|250x250пкс|Копија на Бастијано да Сангало според изгубениот оригинал на „Битката кај Кашина“ од Микеланџело — дело со кое Микеланџело првично имал намера да се натпреварува со Леонардо за истата нарачка.алт=copy of lost painting that had been by Leonardo da Vinci|мини|200x200пкс| Копија на Петер Паул Рубенс според изгубениот оригинал на „Битката кај Ангијари“ од Леонардо да Винчи — дело со кое Леонардо првично имал намера да се натпреварува со Микеланџело за истата нарачка.
Ран маниризам мини|383x383пкс| Јакопо Понтормо, Закопот, 1528; Санта Фелисита, Фиренца Раните маниристи во Фиренца - особено учениците на Андреа дел Сарто, како што се Јакопо Понтормо и Росо Фјорентино, се значајни по своите издолжени облици, несигурно урамнотежени пози, нарушена перспектива, ирационални поставки и театарско осветлување. Пармиџанино (ученик на Кореџо) и Џулио Романо (главниот помошник на Рафаел) се движеле во слични стилизирани естетски насоки во Рим. Овие уметници созреале под влијание на високата ренесанса, а нивниот стил бил означен како реакција на нејзините класични идеалиа. Наместо непосредно да ја изучуваат природата, помладите уметници почнале да ја изучуваат хеленистичката скулптура и сликите на минатите мајстори. Затоа, овој стил често се дефинира како антикласичен,Friedländer 1965. но во тоа време се сметал за природен напредок на високата ренесанса. Најраната експериментална фаза на маниризмот, позната по своите „антикласични“ облици, траела до приближно 1540 или 1550 година. Марсија Б. Хол, професорка по историја на уметноста на Универзитетот Темпл, во својата книга „По Рафаел“ забележува дека прераната смрт на Рафаел го означила почетокот на маниризмот во Рим.
Минатите анализи покажуваат дека маниризмот се појавил на почетокот на 16 век истовремено со многу други општествени, научни, верски и политички движења, како што се Коперниковиот хелиоцентризам, опустошувањето на Рим во 1527 година и растечкиот предизвик на протестантската реформација против моќта на Католичката црква. Како резултат на тоа, издолжените и искривени облици на стилот некогаш биле толкувани како реакција на идеализираните композиции што преовладувале во уметноста на високата ренесанса.Manfred Wundram, "Mannerism," Grove Art Online. Oxford University Press, [accessed 23 April 2008]. Ова објаснување за коренитата стилска промена околу 1520-тите денес веќе не е широко прифатено од страна на научниците, иако раната маниристичка уметност сè уште е во голема спротивност со конвенциите на високата ренесанса.
Висок маниризам Второто раздобје на маниризмот обично се разликува од претходното, таканаречено „антикласично“ раздобје. Подоцнежните маниристи ја нагласувале интелектуалната суета и уметничката виртуозност, одлики што ги навеле подоцнежните критичари да ги обвинат дека работат на неприроден и афектиран начин. Маниристичките уметници го гледале својот постар современик Микеланџело како свој главен модел; нивната уметност била уметност што ја подражава уметноста, а не уметност што ја подражава природата. Историчарот на уметноста од Сиднеј, Џозеф Фридберг, тврди дека интелектуализирачкиот аспект на маниристичката уметност вклучува очекување дека публиката ќе ја забележи и ќе ја цени оваа визуелна референца. Ањоло Бронзино и Џорџо Вазари се пример за овој тип на maniera, која траела од приближно 1530 до 1580 година. Оваа уметност на maniera, претежно заснована на дворовите и интелектуалните кругови низ Европа, ја преувеличувала елеганцијата со извонредно внимание на површината и подробностите: фигурите со порцелански тен се прикажани во смирени пози, облеани со светлина, и го пречекуваат гледачот со ладен поглед, ако воопшто воспоставува контакт со очите. Темите на maniera ретко покажуваат силни чувства, поради што делата што го прикажуваат овој тренд често се нарекуваат „ладни“ или „одвоени“. Ова е типично за таканаречениот стил на maniera во неговата зрелост.Shearman 1967, p. 19
Ширење на маниризмот мини|239x239пкс| Англиски маниризам: Хенри Хауард, гроф од Сари, 1546 година – редок англиски маниристички портрет, дело на фламански доселеник.