Minuartia recurva е ретко повеќегодишно цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Цвета од доцна пролет до крајот на летото.
Опис Ова повеќегодишно, влакнесто растение има дрвенеста основа и цветни стебла до 15 см во должина. Стеблата се жилави со листови со три жили, свиткани на страна во поголема или помала мера. Цветовите се групирани во жлездести цветни главички, при што поединечните цветови се бели и со пет ливчиња. Соцветието има 1–8 цветови. Плодот е јајцевидна капсула до 5 мм во должина.
Распространетост Minuartia recurva се наоѓа во планинските региони на јужна Европа и југозападна Азија.
Исто така, се среќава и во планините Каха во Ирска, каде што првпат е забележан во 1964 година.
Во Македонија расте по планините Јакупица, Шар Планина, Кораб, Јабланица, Пелистер, Ниџе со Кајмакчалан, Дудица, Илинска Планина, а се посочува дека е виден видот на Пелистер во 1899 година, на Плакенска Планина во 1909 година, и на Мукос во 1978 година.
Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија Категорија:Флора на Македонија