Minuartia glomerata е повеќегодишно цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae.
Опис Ова двегодишно или повеќегодишно растение расте во висина до 20 см, во основата е многу разгрането, со многубројни куси, стерилни гранчиња кои на врвот носат снопчиња од листови, и со голем број цветни гранчиња. Цветните стебленца се вертикални, жлездесто влакнести, во горниот дел разгранети и завршуваат со голем број цветови. Венечните ливчиња се бели, тесно обратнојајцевидни, речиси еднакви.
Подвидови Признати се овие подвидови:
M. g. burnatii M. g. cymifera M. g. glomerata M. g. macedonica M. g. pannonica M. g. trichocalycina
Во Македонија Во Македонија расте по варовнички карпи, камењари, каменливи почви, брдски пасишта и еродирани почви.
Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија Категорија:Флора на Македонија