Minuartia hirsuta е повеќегодишно цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae.
Опис Ова повеќегодишн растение е високо 10-20 см, во основата е силно разгрането, со многубројни куси стерилни гранчиња, поради што образува погусти и поретки перничести образувања. Стерилните гранчиња се куси, поради што листовите се збиени и собрани во снопчиња, а цветните гранчиња се голи или жлездесто влакнести. Цветовите се групирани во цимозни соцветија со голем број цветови. Венечните ливчиња се обратно јајцевидни.
Подвидови Познати се овие подвидови: M. h. asiatica M. h. eurytanica M. h. falcata M. h. frutescens M. h. hirsuta M. h. laxa
Во Македонија Во Македонија расте по суви тревести места, карпи, камењари, покрај патишта, од низините до 1300 метри надморска височина.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија