Alchemilla arvensis (син. Aphanes arvensis) е раскошно, пердувесто растение вообичаено низ Британските Oстрови каде што расте на обработливи полиња и голи пустелии, особено на суви места.

Опис Едногодишно растение, 3-15 цм високо. Стебленцето неразгрането или разгрането, по површината со полурасперени или прилегнати долги меки влакна. Ливчињата распоредени по должината на стебленцето, по површината со прилегнати четинести влакна. Долните листови со куси дршки, а горните приседнати. Ламината скоро 2/3 насечена на 3 дела, а секој дел повторно насечен на 2-5 тапи дела, или секој дел само назабен. Прилисниците сраснати помеѓу себе и со лисната дршка, формирајќи една инка во која е поместен еден сноп од 10-20 цветови. Прилисниците по работ назабени, а запците обично се широко-триаглести. Цветовите 1,5-2,3 мм долги. Чашкините ливчиња исправени или слабо расперени, бледозелени, издолжено-триаглести и истите се околу 1/3 од должината на цветот, и на врвот завршуваат со долги четинести влакна. Пехарестиот дел со јасно испакнати 8 надолжни жили и со полурасперени влакна по површината. Ливчињата на епикаликсот многу мали, околу 0,1 мм долги, скоро незабележливи. Прашникот 1. Семките околу 1-1,5 мм долги, кафеави. Распространетост и живеалиште Може да се најде во поголемиот дел од Европа, од Велика Британија, источно до Иран на обработливо земјиште, гола земја, на патеки, на суви или кредасти почви.

Распространетост во Македонија Широко распространето растение по целата територија на Македонија, и тоа особено во заедниците на брдските пасишта.

Употреба Листовите имаат малку кисел вкус и се јадат сурови.

Билкарот од 17 век, Николас Калпепер, го препорачал ова растение за употреба во салати, иако би било тешко да се соберат доволни количини од толку мало растение за разумен оброк. Калпепер, исто така, им го препорачува растението на господата за јадење како зимска кисела краставичка.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Македонија