Pyrus spinosa (син. Pyrus amygdaliformis) е вид скриеносемено растение од семејството рози, по потекло од северниот медитерански регион. Има бели цветови кои цветаат во април-мај. Плодовите се горчливи и адстрингентни. Лесно се хибридизира со Pyrus communis и Pyrus pyraster.

Опис Грмушка или дрво до 6 м високо, со куси странични гранчиња од кои само некои се боцливи. Младите гранчиња густо влакнести, а покасно оголуваат и се светликави или матови. Листовите скоро ланцетни или елиптични до обратно-јајцевидни, 2,5-6 цм долги, 1-2 (3) цм широки, целокрајни или на врвот ситно напилени, или пак, што е многу поретко, по целата должина на врвот заокруглени или заострени, во осно- вата заокруглени или клиновидни, на горната страна темнозелени, на долната страна сиво-зелени. Младите листови густо влакнести, а покасно стануваат сосема голи, или на долната страна, и тоа на долната половина на ламината, со ретки нежни гргурави влакна. Лисните дршки тенки, 2,5 цм долги. Цветовите во мал број, групирани во соцветија слични на штит. Чашкините ливчиња триаглести, заострени, 5-6 мм долги, 1,5 мм широки, трајно остануваат на плодот, од двете страни густо влакнести. Венчето бело, широко-елиптично, обратно-јајцевидно, 7-8 мм долго, 5-6 мм широко, на врвот обично плитко всечено. Прашниците во голем број. Карпелите 5. Столпчињата 5, слободни до основата, во основата влакнести. Плодот крушовиден, 1,5-3 цм во пречник, со каменести клетки во месестото ткиво. Плодната дршка 2-3 цм долга, дебела.

Живеалиште и распространетост Pyrus spinosa е домороден во медитеранскиот регион, со јадро кое се протега низ јужна Европа до западна Анадолија. Типично расте во суви, отворени шуми и грмушести предели на добро дренирани, карпести падини и на маргините на шумите, фаворизирајќи надморски височини од 1,000-2,0000 м надморска височина, каде што често се јавува покрај дабови и други грмушки отпорни на суша. Иако главно евидентирани од Европа и Анадолија, колекциите на хербариуми од две локации во западен Иран - близу до турската граница во планините Загрос - го потврдуваат неговото присуство таму, што претставува проширување кон исток на неговата позната распространетост.

Распространетост во Македонија Широко распространето растение, и тоа особено во централниот и источниот дел на Македонија.

Наводи

Категорија:Растенија опишани во 1775 година Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Албанија Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Франција Категорија:Флора на Шпанија Категорија:Круша Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Флора на Македонија