Cerastium semidecandrum — едногодишно растение од семејството каранфили.

Опис Ова е едногодишно растение високо до 20 см, обично од основата силно разгрането. Гранчињата се вертикални или полегнати, со расперени четинести влакненца, а во горниот дел и жлездести влакна. Листовите се долги до 18 мм, зелени, влакнести. Цветовите се групирани во дихазиуми. Цветните дршки се долги колку чашката, или малку подолги. Чашкините ливчиња се долги 3-5 мм, ланцетни, на врвот заострени. Венечните ливчиња се бели, на врвот речиси всечени. Прашниците се 5, голи, а плодникот со 5 столпчиња.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 270

Во Македонија Во Македонија расте по песокливи места покрај реки, по брдски пасишта, меѓи, обработливи и напиштени ниви, на надомрска височина од 600-700 метри. Видот е познат за Скопје, Катлановска Бања, Таорска Клисура, Кочани, Прилеп, Валандово, Гевгелија, а се посочува и за Пелистер (виден во 1843 година), Струмица (виден е видот во 1921 година), клисурата Демир Капија и Колешино (виден е видот во 1939 година), и Претор (виден во 1978 година).

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј