мини|Кабинетот на убавините на Оле Ворм, од делото Museum Wormianum (1655) Антиквар ( = „што се однесува на античките времиња“) или старинар — љубител или проучувач на старини или предмети од минатото. Поточно, овој поим се користи за оние што ја проучуваат историјата со посебно внимание на древните артефактни наоди, археолошките и историските локалитети, или историските архиви и ракописи. Суштината на антикваризмот е насоченоста кон емпириските докази од минатото, што е сликовито претставено преку мотото на антикварот од XVIII век сер Ричард Колт Хоар: „Зборуваме врз основа на факти, а не на теории“.Piggott, Ancient Britons, p. 153.

„Оксфордскиот речник“ првпат го забележува поимот „археолог“ во 1824 г.; тој набрзо го презел приматот како вообичаен назив за една од главните гранки на антикварската дејност. „Археологијата“, која се користи од 1607 г. па наваму, првично го означувала она што денес го подразбираме под поширокиот поим „стара историја“, додека нејзиното потесно современо значење се појавува во 1837 г.

Денес поимот „антиквар“ често се користи во пејоративна смисла, за да се означи прекумерно тесна насоченост кон фактички историски ситници, на сметка на разбирањето на поширокиот историски контекст или процес. Денес ретко кој би се опишал себеси како „антиквар“, но некои институции како Друштвото на антиквари од Лондон (основано во 1707 г.) ги задржале своите историски имиња. Изразот „антикварски книжар“ сѐ уште е актуелен за трговците со поскапи стари книги.

Литература

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историографија