Филип Томов Огњанов (Селце, XIX век – ?) — македонски истражувач, фолклорист и општественик, деец на Сојузот на македонските емигрантски организации.
Животопис Роден е во с. СелцеИкономов, Васил. Старонародни песни и обичаи од Западна Македонија, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 1988, с.183 или во Галичник,Военно-исторически сборник, Том 41, Военно-историческа комисия при Щаба на армията, 1972, София, с.83 тогаш во Отоманското Царство. Емигрирал во Бугарија, каде што се родиле неговите деца Македонија (р. 1899), Асен (р. 1901) и Борис (р. 1903). Запишал и објавил повеќе народни песни од Дебарско (Галичник, Селце).Сборник за народни умотворения, наука и книжнина, книга XVI и XVII, София, 1900, II. Материали, с. 57- 61.
Тој бил долгогодишен претседател на Галичко-реканското добротворно братство. Во септември 1934 г. Томов го потпишал протестниот протокол против Деветнаесетомајскиот преврат во име на братството. Во 1936 г. објавил статија за Партенија Зографски во списанието „Македонски преглед“. Подолг период бил службеник во Врховниот завод за ревизија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Наводи
Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски истражувачи Категорија:Македонски фолклористи Категорија:Македонски преселници во Бугарија Категорија:Дејци на Македонските братства