Свети Ѓорѓи — главна селска црква во кумановското село Коинце, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на патот кога се влегува во селото од северна страна од соседното село Карловце. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Претходно, на местото на денешната црква, мештаните на старото село Коинце имале доста голема црква. Денешната црква била изградена на истото место во 1938 година. По некои знаци може да се заклучи дека и таа црква била градена на темели на некоја уште постара црква.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата не е насликана во внатрешноста.

Икони и иконостас

Во внатрешноста има само икони закачени на ѕидовите.

Галерија

Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Коинце

Наводи

Надворешни врски

Коинце