Geranium arboreum — редок вид здравец познат под вообичаените имиња хавајски црвеноцветен здравец и хавајски црвен здравец. Тој е ендемичен на Хаваи, каде што се среќава само на островот Мауи. Во 1992 година бил прогласен за загрозен вид на федерално ниво.USFWS. Determination of endangered status for Geranium arboreum (Hawaiian Red-Flowered Geranium). Federal Register May 13, 1992. Слично на другите хавајски здравци, ова растение месно е познато како хинахина и нохоану.Geranium. Smithsonian Flora of the Hawaiian Islands.
Ова растение е грмушка што може да достигне висина од 4 метри. Листовите имаат зелени, назабени лиски долги до 3,8 сантиметри. Цветовите се црвени или магента. Горните венечни ливчиња се исправени, но долните две се свиткани надолу. Обликот на цветот укажува дека го опрашуваат птици, што е единствен случај меѓу здравците.
Ова растение расте во клисури на падините на вулканот Халеакала. Преостанати се не повеќе од 500 примероци.
Главната закана за овој вид е деградацијата на неговото живеалиште поради пасење стока, риење на диви свињи и инвазивните растителни видови кои навлегуваат во областа.
Наводи
Мадворешни врски
Категорија:Здравец Категорија:Ендемска флора на Хаваи