Geranium albanum, гребенест здравец или албански здравец — вид цветно растение од семејството здравци, по потекло од Кавказ и Северен Иран. Тоа е густо разгрането (туфесто) повеќегодишно растение кое достигнува висина до 50 см. Кралското хортикултурно друштво го смета за погодно растение за привлекување опрашувачи. Постои одгледувана сорта (култивар), „Розова и пругаста“ (Pink and Striped).

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Иран Категорија:Здравец Категорија:Растенија опишани во 1808 година Категорија:Флора на Кавказ