Христо (Дуле) З. Пармаков (Пармак) (Охрид, 21 декември 1879 – Куратица, 31 август 1903) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Роден е на 21 декември 1879 г. во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Уште како дете останал сирак. Неговиот татко бил застапник за самостојна македонска црква, но тој бил убиен сред улица од Турчин. Со помошта на неговиот зет А. Групчев, Христо завршил IV клас во машката гимназија во Солун, но поради здравствени причини заминал за Софија. Стапил во ВМОРО. Во 1900 г. се вратил во родниот град, каде што ја започнал револуционерната дејност. Неговата куќа станала скривалиште за четници и арсенал за оружје.

Во мај 1903 г. преминал во илегала и бил назначен од страна на Шумската управа на Охрид за главен домаќин на складиштата за храна. На 31 август Пармаков учествувал во Битката кај Марково Долче, кога загинал од турска граната. По шест дена, неговото тело било пронајдено и погребано со почести. Андон Узунов и целата чета на Аргир Маринчев загинале заедно со него.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО