Crataegus lassa е вид глог кој потекнува од југоисточните Соединети Американски Држави. Мали дрвја или грмушки, нивните гранки се висечки и растат во неплодни борови површини и слични области со добро дренирана почва.
Опис Грмушка или мало дрво до 6 м високо. Стеблото до 20 цм дебело. Кората на постарите гранчиња сива, кај помладите црвеникаво-кафеава и со ретки заострени влакна, додека најмладите гранчиња се влакнести и лесно се кршат. Листовите ромбично до обратно-јајцевидно-триаглести, до половината на ламината насечени на 3-5 дела, а во основата клиновидно стеснети во куса дршка долга до 10 мм. Лисните сегменти елиптични, на врвот тапи, целокрајни, а терминалниот сегмент елиптичен, обично триделен или завршува со три запчиња. Листовите од обете страни со ретки влакна, горната страна зелена, а долната сивкасто-зелена, прилисниците срповидни. Цветовите групирани во соцветија слични на штит. Цветните дршки и хипантиумот влакнести. Чашкините ливчиња триаглести, влакнести, по прецветувањето се свиткуваат надолу. Венечните ливчиња бели, околу 6 мм долги, круглесто-обратно-јајцевидни. Столпчињата 1-2. Плодот црвен, елиптично-јајцевиден, околу 12 мм долг, 10 мм широк, со 1-2 костелки.
Распространетост во Македонија Се среќава главно во појасот на дабовите шуми, од 720 до 1.400 м надморска височина и тоа пред сè во планините на Западна Македонија.
Наводи
Категорија:Глог Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија