Бесстеблен плускавец (науч. Silene acaulis) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene. Расте на високите оланини во Евроазија и Северна Америка.

Опис Многугодишно ниско приземно растение кое образува големи перничести образувања од куси и збиени гранчиња. Листовите се собрани во основата на цветните гранчиња, долги 6-12 мм, само по работ влакнести. Цветните стебленца се неразгранети, многу куси, и едвај се појавуваат од компактното перниче. Чашката е долга 4-7 мм, во основата постепено стеснета, зеленикава или црвена, гола со 10 слабо забележливи жили.

Во Македонија Во Македонија расте по варовнички камењари и високопланински пасишта од 2000 до 2700 метри надморска височина. Претставува многу често растение на Шар Планина.

Галерија

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Азија