Доспатска Котлина () — котлина во Пиринска Македонија, денес во Пазарџичката област, западна Бугарија.

Географски особености Котлината се наоѓа во Доспатско, во средишниот дел на Западните Родопи, помеѓу стрмните раседни падини на Д’браш на југозапад и Величко-виденичкиот Дел на североисток, по долината на реката Доспат. Има издолжен облик, во правец северозапад-југоисток со вкупно должина од над 30 км и ширина до 2–3 км. Средната надморска височина изнесува 1.100–1.200 м.

Котлината е образувана во текот на квартарот со тектонско слегнување. Нејзиното дно е исполнето со квартарни алувијални седименти и се наоѓа околу 400 м под сртовите на соседните ридови. Климата е изменетосредоземноморска. Преовладуваат ветровите во правец североисток-исток-југоисток. Средната годишна температура изнесува 7,1 °C. Просечните годишни врнежи изнесуваат над 1.100 мм. Се одводнува од реката Доспат, на која е изградено истоименото езеро, која го потопила целиот нејзин југоисточен дел. Бреговите и околината на езерото нудат одлични услови за летување, рекреација и туризам.

Населени места Во котлината постојат три населби: гратчето Доспат, во нејзиниот југоисточен дел, непосредно до браната, гратчето Срница, во нејзиниот средишен дел, во близина на задниот дел на браната, и с. Побит Кам’к во најсеверозападниот крај.

Сообраќај Низ котлината поминуваат делници на два пата од Државната патна мрежа:

Преку југоисточниот дел, во должина од 11,6 км — делница од второкласниот пат бр. 37 Јабланица — Панаѓуриште — Пазарџик — Пештера — Барутин. По целата своја должина од северозапад кон југоисток, во должина од 26,9 км — делница од третокласниот пат бр. 843 Велинград — Срница — Доспат.

Литература

Надворешни врски

Лист од карта К-34-84, Размер: 1:100 000. Лист од карта К-35-73, Размер: 1:100 000. Лист од карта К-35-85, Размер: 1:100 000.

Категорија:Општина Доспат Категорија:Котлини во Бугарија Категорија:Географија на Пиринска Македонија