Планински штавеј (науч.: Rumex arifolius) вообичаено име или Планински киселец е лиснато повеќегодишно растение од семејството подворки.
Опис Планинскиот штавеј може да достигне висина од 70 до 120 см. Ова растение има месести големи лисја со цели рабови на сечилото. Незабележливите бели цветови и семиња се наоѓаат во долги гроздови на врвот на стеблото што излегуваат од гранче на листовите. Цветовите се дводомни и анемофилни.https://powo.science.kew.org/taxon/urn:lsid:ipni.org:names:696897-1 https://pfaf.org/user/Plant.aspx?LatinName=Rumex+arifoliusЦвета од мај до јуни.
Таксономија Rumex arifolius првпат го опишал ботаничарот Карл Кристијан Гмелин во 1806 година.
Распространетост и живеалиште Овој вид претпочита борови шуми и планински ливади на надморска височина од 200 до 700 м.
По потекло од јужна Европа, и делови од северна умерена Азија.
Во Македонија Во Македонија расте по шумски сечишта во појасот на буковите шуми, ливади и покрај шумите, на надморска височина до 2000 метри. Видот е познат за Шар Планина, Горна Радика, Јакупица и Пелистер.
Наводи
Надворешни врски
The Linnean Collections
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род)