Никола (Кољо) Иванов Пантушев Мутафчиев (наречен Баницалијата) (Баница, 1880 – Белово, 1985) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Роден е во 1880 г.На 9 март 1943 г. имал 63 години. во селото Баница, Серско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО и станал нелегален четник на војводата Георги Радев. Со четата на Радев учествувал во Битката кај Баница на 4 мај 1903 година, во која загинал Гоце Делчев. Подоцна, во 1905 г. влегол во четата на Таската Серски, со кого учествувал во четиричасовна битка во месноста Стапката крај с. Раховица.

Во 1906 г. заедно со војводата Михаил Чаков ги извадиле коските на Делчев од старите гробишта во Баница, а Пантушев, како клисар на црквата „Св. Димитриј“, ги скрил во сандаче под олтарот со дадена заклетва за тоа да не кажува никому. Откако Баница останала во Грција по Втората балканска војна, во 1913 г. Пантушев се преселил во с. Којунќој, Скечанско, кое останало во Бугарија. На почетокот на 1918 година, кога Баница била одново окупирана од бугарската војска за време на Првата светска војна, тој се вратил во родното село, при што ги собрал коските на Делчев и му ги предал на Чаков во Скеча, а потоа во Софија.

На 9 март 1943 година, како жител на Неврокоп тој поднел молба за народна пензија, која била одобрена од Министерскиот совет на Царството Бугарија. Подоцна живеел во Горна Џумаја како градинар. Се оженил и имал четири деца. Починал во градот Белово во 1985 г.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски преселници во Белово Категорија:Македонски стогодишници