Rumex conglomeratus — растение од семејството подворки (Polygonaceae). Ова е едногодишно или двегодишно растение кое расте до околу 100 см високо. Родум од Европа, Азија и Северна Африка, воведен е и во Северна Америка.
Опис Многугодишно растение со вретеновиден корен. Стеблото е вертикално, високо 30-80 см, набраздено, црвеникаво, во горниот дел разгрането. Базалните листови се со куса лисна дршка. Охреата е раскината. Соцветието е широко јајцевидно до пирамидално. Цветовите се собрани во ретки оддалечени пршлени.
Во Македонија Во Македонија расте по влажни места покрај реки, потоци, канали, бари, блата и влажни ливади, од низните па сè до 2000 метри надморска височина. Ова е многу често рудерално растение кое го има речиси насекаде.
Наводи
Надворешни врски
Jepson Manual Treatment (invasive plant species) Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Штавеј (род)