Фреско секо (или секо или фреско финто) — техника на ѕидно сликање каде што пигменти измешани со органско врзивно средство или вар (или и двете) се нанесуваат врз сув малтер.Secco. In: Боите што се користат, на пример, можат да бидат казеинска боја, темпера, маслена боја или силикатна минерална боја. Ако пигментите се измешаат со варова вода или варово млеко и се нанесат на сув малтер, техниката се нарекува сликање со вар секо. Техниката секо е во контраст со фреско- техниката, каде што сликата е изведена на слој од влажен малтер.

Бидејќи кај техниката фреско-секо пигментите не се врзуваат трајно со самата ѕидна подлога, како што е случајот кај буон фреско, ваквите слики се помалку отпорни и подложни на оштетување со текот на времето. Бојата може постепено да се лупи или да се одвојува од површината. Сепак, техниката има и одредени предности, меѓу кои се подолгото време за работа и можноста за дополнителни корекции и ретуширање. Во Италија, фреско-техниката повторно добила поширока примена околу 1300 година, што придонело за значително подобрување на квалитетот на ѕидното сликарство. Оваа технолошка промена се совпаднала и со појавата на пореалистични тенденции во западната уметност, како и со промените во литургиската функција на муралното сликарство.Péter Bokody, "Mural Painting as a Medium: Technique, Representation and Liturgy," in Image and Christianity: Visual Media in the Middle Ages, ed. Péter Bokody (Pannonhalma: Pannonhalma Abbey, 2014), 136-151. https://www.academia.edu/8526688/Mural_Painting_as_a_Medium_Technique_Representation_and_Liturgy

Трактатот „Силпаратна“ на Кумарадева, кој потекнува од 8 век, содржи детален опис на техниката фреско-секо. Според текстот, сликарот треба внимателно да ги избере боите и формите, така што тие соодветно ќе ги изразат чувствата, естетското доживување (раса), расположенијата и дејствата (бхавас). Како основни, односно чисти бои, се наведуваат белата, жолтата, црвената, црната и зелената земјена боја. Со нивно комбинирање се создавале различни дополнителни нијанси.

Во трактатот се препорачува и употреба на пет различни видови четки, со различна форма и големина, како рамни, долги и средни четки, изработени од животински влакна и влакна од трева. Техниката фреско-секо и денес се применува од специјализирани сликари и декоратери, особено во областа на ентериерниот дизајн, каде што се користи за создавање декоративни ефекти, како што е имитацијата на мермер и други видови површинска декорација.Tamil civilization

Значајни фреско-секо уметници

Џото Албертус Пиктор Џун Мекјуан, шкотска уметница која ги рекреира историските шкотски ентериери. Беохар Раманохар Синха, уметник од Индија чии фрески од секојдневниот живот, семејните теми и гозбите ги красат ѕидовите и огромната купола на аудиториумот. Рудолф Ф. Залингер, чија „Ера на цицачите“, дело со 18,3 на 1,5 метри мурал насликан од 1961 до 1967 година на јужниот ѕид на Природонаучниот музеј Јеил Пибоди, е насликан во овој стил.

Наводи

Категорија:Сликарски техники Категорија:Фрески