алт=Еленско уво (Polýporus umbellátus|мини|Еленско уво (Polyporus umbellatus) Еленско уво ( порано Boletus umbellatus) ) е јадлива печурка од родот Polyporus од семејството Polyporaceae. Вклучено е во несистематската група на печурки кои растат на земја, на пенушка или на живи листокапни дрвја.

Опис Мали светлосиви или сиви бројни шапки со заоблена форма, распоредени како плочки. Достигнуваат 2-3 см во пречник, правилни, најпрвин конвексни, па отворени и потоа во средината вдлабнати. Бојата на шапката е сива, понекогаш кафеава, често лушпесто распукана. Жабрите се аголни, бели или светложолти, со пречник од 1-3 мм. Основата на дршките често им се поврзани. Основата е со псевдосклеротија, од каде се развиваат поединечни плодни тела. Месото е цврсто, бело или кремасто. Споровиот прав е бел.

Расте од јули до пред зимата под дабови и букови стебла, најчесто во непосредна близина на пенушките и стеблата. Јадливо со извонреден квалитет додека е младо.

Синоними

Слики од еленско уво

Слични видови Albatrellus confluens Fomes fomentarius Trametes versicolor Polyporus tuberaster) Phellinus igniarius Phaeolus schweinitzii

Наводи

Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Габи Категорија:Габи на Европа