Златко Ѓелески (, ) – македонски писател, филмски, музички и книжевен критичар.

Животопис Ѓелески завршил основно и средно училиште во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година.

Од 2011 година, Ѓелески е водител на филмската радио-емисија „Danse Macabre“ на „Канал 103“, а од 2020 година ја води специјализираната емисија за ТВ-серии „ТВ 103“. Освен тоа, тој е организатор на ревијата на хорор-филмови „Мрак Фест“, а одговорен е и за музичките изданија на „Мрак“.

Ѓелески бил член на жири-комисиите на филмските фестивали: „Синедејс“, „Македокс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“, „Филозофски филмски фестивал“ „Фестивал на планински филм ЕХО“ и „Флипбук филм фестивал“. Од 2017 и 2018 година е водител на емисиите „Видеологија“ и „Ревизија“ (на YouTube), а исто така, организира и мултимедијални забави со „Доминион Евентс“. Член е на жири комисијата на музичкиот фестивал „Лузер фест“ во 2022 година. Селектор е на македонската филмска селекција на фестивалот „Winter Apricots“ во 2022 година.   Модерира проекции во склоп на фестивалите „Синедејс“ и ИФФК „Браќа Манаки“. Во јули 2026 година бил селектор на 5. издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“.

Покрај тоа, тој е член на Здружението за филм и филмска едукација „Крацери“, а во 2022 година бил селектор на Филмскиот фестивал на краток жанровски филм „Крацери“, организиран од истоименото здружение.

Во јули 2023 година станал член на Националната секција од Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI).  

Творештво Ѓелески има објавено три збирки раскази: „Морбидизам“ (2013) „Колекционерот на страв“ (2015) и „Понор“ (2019). Неговите раскази се преведени и објавени на српски јазик, во неколку балкански антологии. Расказите му се наградени на неколку натпреварувачки конкурси и објавени во различни списанија и збирки, како што е расказор „Отпушок“, објавен во збирката „Очудувања 1-2“ (2018).Очудувања 1-2, Бегемот, Скопје, 2018, стр. 140-153.

Од 2008 година, Ѓелески се занимава и со филмска критика, како уредник и издавач на списанието „Кошмар“.“ Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, музичките на „Плагијат“, а неговите филмски рецензии објавени во печатена форма во неколку дневни весници и списанија, како: „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“, „Стожер“ итн. Во 2021 година била објавена неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“.

Исто така, тој е режисер на краткометражните филмови „Од другата страна“ од 2013 година и „Мемоари“ од 2015 година, асистент во пост-продукцијата на краткометражниот филм „Центроид“ во 2022 година. Во 2023 година го напиша сценариото и го режира третиот краток игран филм „Слобода“.

Награди Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на 12-тото издание на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013 година.

Библиографија Морбидизам, (збирка раскази) 2013 година Колекционерот на страв, (збирка раскази) 2015 година Понор, (збирка раскази) 2019 година Видеологија (збирка филмски есеи и рецензии) 2021 година Мастерклас (збирка разговори со домашни режисери) 2022 година Видеологија 2 (збирка филмски есеи и рецензии) 2023 година.https://www.ehofilmfest.mk/jury/glavno-zhiri

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски критичари