Alyssum hirsutum — вид едногодишно растение опишано од ботаничарот Фридрих Август Маршал фон Биберштајн. Alyssum hirsutum е член на родот Alyssum и семејството Brassicaceae. Опис и распространетост Едногодишно речиси сиво растение покриено со густи ѕвездести влакна по целата површина. Стеблото е поединечно и вертикално, со височина 10-30 см. Тоа се разгранува од основата и има прилегнати ѕвездести влакна со долги краци. Листовите се долгнавести, обратно-јајцевидни до копјести, заострени на врвот, од двете страни со густи ѕвездести влакна. Цветовите се собрани во густо гроздовидно соцветие што се издолжува при зреење на плодовите. Чашкините ливчиња се долги 2-3 мм, широко-копјести, брзо паѓаат, со густи ѕвездести влакна со долги краци. Венечните ливчиња се долги 3-5 мм, стеснети во средината, на врвот целосни или малку засечени. Филаментите на големите прашници се пошироки во основата; кај малите има слободна лушпа долга колку филаментот, со две запчиња на врвот. Шушменчињата (плодовите) се 5-7 мм, речиси округли, со густи ѕвездести влакна, меѓу кои има влакна со еден силно развиен крак до 1,5 мм, а останатите краци редуцирани. Столпчето е долго 1-1,5 мм, пошироко во основата, горе голо, долу со малку ѕвездести влакна. Плодните дршки се долги 3-5 мм, косо распоредени, со густи ѕвездести влакна со долги краци. Семките имаат крилест раб широк 0,2-0,5 мм.

Се среќава на брдски пасишта и суви тревести, каменливи места до 650 метри надморска височина. Растението е многу ретко. Забележано во Овче Поле - Богословец и Пробиштип - манастир Костомар. Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови:

A. h. caespitosum A. h. hirsutum Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа