Зандан (, Ζουντάν, Κάστρο Θερμοπηγής) — средновековна одбранбена градба кај Пулево, Валовишко, Егејска Македонија. Името доаѓа од поимот „зандана“, бидејќи личи на старински затвор.

На грчки името се предавало како Зиндани (Ζιντανί) или Зундан (Ζουντάν), а во 1968 г. месноста е преименувана во Мавротопос (Μαυρότοπος), во превод „Црно Место“.

Местоположба Тврдината е сместена на висорамнина на Сенгелска Планина на 3 км северозападно од с. Пулево и на 3 км јужно од с. Рупел. На 1 км западно тече реката Струма. Рврдината имала улога да го чува јужниот приод кон Рупелската Клисура. Имала визуелен контакт со две важни тврдини — Хисар и Ески Хисар кај Валовишта. На југоисток е манастирот „Св. Варвара“. Во минатото патот од Валовишта за Мелник не ја следел денешната крајречна маршрута, туку од Валовишка Бања се приближува до тврдината Зандан и низ ниските падини на Сенгелска Планина на источниот брег на Струма стасува до Рупел. Причината за оваа чудна маршрута е тоа што Струма порано била многу поширока и пополноводна, оставајќи мало место за пребродување — има податоци дека најтесната точка на Рупелската Клисура била широка 3 метри.

Висорамнината на кое се наоѓа тврдината е природно заштитено со стрмните падеини на ридот од север, југ и исток. Од запад релативно ранлива поради надморската височина од таа страна.

Историја За тврдината нема останато никакви писмени сведоштва. Првите историски сведиштва за Рупелската Клисура се од 1255 г. кога тука се утврдила војска за време на Востанието на Драгота.во Ελληνικά Κάστρα: „…τὴν τοῦ Ρουπελίου δυσχωρίαν, καθ' ἣν ὁ ποταμὸς Στρυμὼν ῥεῖ, δυσὶ συγκλειόμενος ὄρεσιν…“

Архитектура Во околината на мала височина се зачувани урнатини од утврдувања. Петрос Самсарис во 1988 г. ги забележал урнатините на две кули поврзани со ѕидина, и сликал една од кулите. Денес од тие кули нема видливи траги. Местото изгледа претрпело многу промени со поставувањето на далновод во непосредна близина на урнатините, а камењата се употребени за иградба на штала. Самсарис спомнува дека една кула била претворена во склад за потребите на еден овчар.

Зачуван е еден ѕид со должина од 5-6 м, висина од 1,70 м и дебелина од 1,5 м и друг напореден ѕид неколку метри поназапад со должина од 10 м, дебелина 1,5 м и висок 1 м. Двата ѕида се под прав агол на северен ѕид од кој се гледа само основата. Освен тоа, до првиот ѕид има непрекината камена грамада од 15 м, која веројатно е остаток од тој ѕид. Ѕидовите се изградени од неделкани камења со малтер, а меѓу нив тули ставани без особен ред.

Според Јордан Иванов кај Зандана има „траги од стари градби со дебели железни ланци кои висат по широките (9 педи) ѕидини“.

На 70-80 м западно од тврдината има пештера со вертикален отвор како голема пукнатина во карпата. Надвор од пештерата има голем куп камења која веројатно е од ѕидовите на тврдината.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Пулево