десно|мини|356x356пкс|„Грчка краљица“ во 2018 година, со обновената фасада. Грчка краљица (во превод Грчка кралица) ― поранешна кафеана во Белград, Србија. Изградена во 1835 година, зградата се наоѓа на улицата „Кнез Михаилова“, комерцијалното собиралиште во средиштето на Белград. Со децении, таа била една од омилените кафеани во градот, но била затворено во 2007 година.
Местоположба „Грчка краљица“ се наоѓа на улицата „Кнез Михаилова“ број 51, близу до крајот на улицата и во близина на паркот Калемегдан, во општина Стари Град. Сместена е на аголот од улиците „Кнез Михаилова“ и „Рајиќева“. Западно од зградата, преку „Рајиќева“, се наоѓа Факултетот за ликовни уметности, огранок на Универзитетот за уметности во Белград. На север и северозапад, преку „Кнез Михаилова“, се наоѓаат Градската библиотека и трговскиот центар „Рајиќева“.
Историја
Потекло Парцелата на која била изградена зградата била место на една од трите водоводни кули кои биле градски водовод за време на отоманскиот период. Османлиите изградиле аквадукт (ѓериз) за да ја спроведуваат водата од изворите во областа Велики Мокри Луг. Во средиштето на градот, тие изградиле три водоводни кули: една кај Теразије, друга кај таверната „Руски цар“ и трета каде што денес се наоѓа „Грчка краљица“. Со цевки, водата се подигнувала во кулите за да ѝ биде дадена дополнителна сила за понатамошен тек.
Хајим Давичо, личен добавувач на владејачкиот кнез Милош Обреновиќ, отворил едно од првите и најпопуларните менувачници на оваа местоположба. Давичо бил високо почитуван и, работејќи од 1816 година, неговата менувачница била сметана за менувачница со најдоверлив девизен курс. Неговиот бизнис бил толку важен во штотуку ослободената држава без сопствена валута, што неговата менуваница практично функционирала како државна банка.
Земјиштето го купил деспот Стефановиќ, кој ја изградил еднокатната зграда во 1835 година. Авторот на проектот не е познат, а местото веднаш станало кафана (меана), именувана како „Деспотов хан“ (во превод Деспотов ан) по неговиот сопственик и не ја променил својата намена во следните 172 години, сè додека не била затворена. Зградата има подрум и двор, додека катот бил приспособен во соби за изнајмување. Првично, имало 8 соби, подоцна 11, а потоа 14, кога бил додаден горниот кат со 8 соби околу 1850 година. По некое време, горниот кат бил приспособен во станбен простор.
На почетокот, „Деспотов хан“ работел и како прв регистриран бордел во Белград. Ова била причината зошто Стефановиќ изградил дополнителен кат со „дневни соби“ во 1840-тите. Сепак, проституцијата не била само морално сомнителна, туку и незаконска, па кога тоа станало широко познато јавно, местото престанало да биде користено. Сексуалните работнички се преселиле на улиците, додека анот го преживеал озлогласувањето и продолжил како редовна кафеана.
19 век Местото на одржување е сметано за важна точка во развојот на градската угостителска индустрија, но и за историјата воопшто. На се случил инцидент кај Чукуровата чешмата на „Добрачината улица“, југоисточно од „Деспотовиот хан“. Во тоа време, Османлиите сè уште ја управувале Белградската тврдина, веднаш западно од анот, бидејќи Србија сè уште не била де јуре независна. Османлиските војници, низамите, дошле до чешмата и настанала кавга меѓу Османлиите и младиот српски трговец-чирак, Сава Петковиќ, кој потоа бил убиен од низамите. Српските жандарми брзо пристигнале и ги уапсиле Османлиите. Сепак, пристигнале и други низами и започнала усна расправија. Преведувачот во белградската полиција, Сима Нешиќ, се обидел да посредува меѓу османлиските војници и српските жандарми, но Османлиите почнале да пукаат, убивајќи го Нешиќ. Командантот на српската гарда, Ивко Прокиќ, се обидел да ги отстрани Османлиите од местото на настанот, но биле испукани повеќе истрели и инцидентот ескалирал во градски судир кој траел цела ноќ, при што Прокиќ бил убиен од Османлиите. Веста за инцидентот се проширил низ Белград, а српските вооружени бунтовници брзо ја зазеле Варошката порта и ги уништиле Савската и Стамболската порти. Следниот ден, странските конзули во градот, особено Џон Огустус Лонгворт, британски генерален конзул, склучиле примирје. Според условите на примирјето, пашата задолжена за тврдината се согласи да ја отстрани својата полиција од градот, а српскиот премиер, Илија Гарашанин, пак, ја гарантирала нивната безбедност за време на преселбата. Еден ден подоцна, пашата ги повикал конзулите во тврдината и додека тие сè уште биле во движење, 56 топови од тврдината почнале да го гранатираат Белград. Околу 50 цивили и војници загинале, околу 20 куќи биле изгорени, а уште 357 биле оштетени. Гранатирањето траело од 9 до 16 часот. Тоа било денот кога биле одржани погребите на Нешиќ и Прокиќ. Службено, церемонијална поворка минувала низ главните градски улици кога започнало гранатирањето. Српскиот кнез Михајло Обреновиќ го искористил инцидентот и во април 1867 година, Османлиите целосно се повлекле од Србија.V. Bubanj, The Drinking Fountains of Belgrade, Belgrade, 1986, 27–39S. G. Bogunović, Architectural encyclopaedia of Belgrade of the XIX and XX century, Architecture (I), Belgrade 2005M. Timotijević, The Myth about the national hero saviour and the erection of the monument to the Duke Mihailo M. Obrenović III, Heritage IV, Belgrade 2002. За време на борбите во јуни 1862 година, Србите го заземалае војот став зад сè уште недовршениот Зградата на капетанот Миша и пред „Деспотовиот хан“.
Откако Јован починал во 1866 година, неговите деца станале сопственици, прво неговиот син Андрија, исто така банкар, а подоцна и неговата ќерка Милева. Меѓу закупците биле Јанко Лазаревиќ (околу 1860), Алекса Димитријевиќ (околу 1896) и Драгутин Даничиќ (околу 1922). По 1945 година, кога на власт дошле новите комунистички власти, тие го конфискувале и национализирале местото.
20 век Зградата постигнала редок подвиг за градбите во Белград: не била оштетена или уништена за време на сите големи немири. Немирите за време на Мајскиот државен удар во 1903 година (кога биле убиени кралот и кралицата, Александар Обреновиќ и Драга Машин), Првата светска војна, Втората светска војна (и масовното и разорно германско бомбардирање на Белград во 1941 година и сојузничкото велигденско бомбардирање во 1944 година), комунистичката револуција 1944/45 година. Иако била надградена и обновувана во неколку наврати, благодарение на тоа што не била уништена, зградата во најголем дел го зачувала својот автентичен изглед.
Откако комунистичката влада ја презела власта, името беше променето во „Плави Јадран“ (во превод „Син Јадран“) во 1950-тите, а дискотека подоцна била отворена во подрумот. Првично наречена „Звезда“ (во превод „Ѕвезда“), а подоцна преименувана во „Метро“, било многу популарно градско место. Приземјето и подрумот биле обновени и проширени во 1990 година, а ресторанот свечено го отвори градоначалникот на Белград, Александар Бакочевиќ, под старото име „Грчка краљица“.
Иако секогаш полн, особено како омилена гостилница на трговците и патниците, местото не било сметано за многу истакнато во текот на 19 век. По Втората светска војна станало многу популарно и било особено познато како едно од омилените места за средби за „утринското кафе“. Било опишано како „прекрасен и сакан ресторан на постарите белграѓани“ и место кое било посетувано за пијалок или ручек по прошетка во паркот Калемегдан. Особено популарна била слаткарницата во десното крило на зградата. Државното угостителско претпријатие „Три грозда“ станала закупец во 1969 година, а сопственоста била префрлена на општинското претпријатие Деловен простор на Стари Град (Пословни простор Стари Град). „Три грозда“ ја затворила „Грцка краљица“ во 2007 година поради претстојното обновување. Државната градежна инспекција во 2008 година заклучила дека „Три грозда“ ги нема сите потребни дозволи бидејќи зградата, иако не е заштитена со самиот закон, е дел од просторната културно-историска единица од исклучително значење сместена на „Кнез Михајлова“. „Три грозда“ ја запрела реконструкцијата и не само што не успеало да ги добие дозволите, туку банкротирало во 2012 година.
Скорешни години Претпријатието „Деловен простор на Стари Град“ не одржал лицитација за нов закупец во следните години и, оставена каква што била, зградата се запустила. Прозорците биле скршени, а фасадата била вандализирана со графити. На 1 декември 2016 година, администативната единица Град Белград ја презела сопственоста од претпријатието Дословен простор на Стари Град и го изнајмила местото. Во мај 2017 година, 10 години по неговото затворање, градежните работи за реконструкција продолжиле. Дрвените делови, прозорците и вратите биле заменети, а прозорците добиле ново стакло. Внатрешноста била исчистена од урнатините. Сепак, не е познато кој е новиот закупец и која ќе биде намената на реконструираната зграда. И покрај прашањата на новинарите, градските власти не ги откриле информациите, а додека бле на местото, никој не сакал да разговара со новинарите. Неслужбените извештаи тврделе дека местото повеќе нема да се занимава со угостителство.
Во ноември 2017 година било објавено дека закупецот е претпријатието „Реина Амалија“, почнувајќи од ноември 2014 година. Деловен простор на Стари Град не испраќал фактури до закупецот во првите 2 години, бидејќи, според договорот, „Реина Амалија“ требало да ја обнови зградата со свои средства. Кога градот ја презел изградбата, тие почнаа да наплаќаат закупнина, но закупецот пријавил проблеми со добивањето дозволи од градот и кавги со соседите, па затоа ги прекинале работите. Бидејќи не платиле закупнина, општинските власти закачиле потсетник на вратата од градбата, но не го прогласиле договорот за ништовен.
И покрај тоа што се наоѓа на извонредна местоположба, согласно 2020 година „Грчка кралица“ останала затворена.
Дискоклуб „Звезда“ десно|мини|333x333пкс|Муралот во Рајиќева улица, пред обновувањето во 2018 година. „Грчка краљица“ е зградата лево, со страничен влез во поранешниот дискоклуб „Звезда“. Кон крајот на 1981 година, во подрумот на Галеријата на Сликарската академија на улицата „Кнез Михаилова“ број 53, веднаш спроти „Грчка кралица“, бил отворен клубот „Академија“, кој станал еден од најпознатите во Белград. Тоа било место за состаноци на рокери, уметници, деца на политичари, млади и авангардни бунтовници итн. „Академија“ денес е опишуван како „одделна држава“ во текот на 1980-тите, што создал нова култура на забава.
Во подрумот на „Грчка краљица“, до кој било влегувано од страничниот влез, во 1983 година бил отворен конкурентски дискоклуб „Звезда“. Вклучувајќи ја и местоположбата, тој бил спротивно од „Академија“ во секоја смисла: дијаметрално спротивставена внатрешност, музика и општ концепт. „Звезда“ наскоро станал симбол на т.н. „шминкерај“. За да добијат членска карта за „Звезда“, на луѓето им биле потребни политички и други врски, но современиот и привлечен изглед, кој вклучувал увезени парфеми и гардероба, бил најдобриот премин. Конкурентските клубови биле толку различни, што само од облеката на луѓето што се приближувале, било очигледно во кој клуб ќе влезат. Во тоа време било незамисливо едно лице да ги посети обете места.
„Звезда“ и „Академија“ станале главни места за собирање на белградската младина во 1980-тите. Тие биле опишани како место за средба на два Белграда ― едниот, кој мирисал на пиво, тутун и марихуана, а другиот со мириси на западни парфеми и италијански кожни чевли. Откако „Звезда“ била затворена, во 2000-тите бил отворен друг клуб, наречен „Bassement“, но и тој клуб подоцна бил затворен. „Академија“ останала важна улога во растењето и созревањето на генерациите што доаѓале и преживеале до 2011 година, кога конечно бил затворен.
Мурал во Рајиќева улица