Ламбе (Ламбо) Јованов Арнаудов (Охрид, 1881 – ?, по 1951) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис мини|Илинденци во Охрид за време на бугарската окупација на Македонија, 30 ноември 1941 г., напред: Евтим Апочев, Андон Шибаков и Јанко Добринов; позади: Глигор Јаковов Ѓоков, Ламбе Арнаудов, Христо Лапајков, Димитар Георгиев – Аржанец и Ташко Арсов
Роден е во 1869Според неговите пензиски документи, тој имал 74 години во 1943 г. или во 1881 г. во градот Охрид, тогаш во рамките на Отоманското Царство. Завршил втор клас во месното егзархиско училиште во родниот град. На револуционерното движење на ВМОРО му се приклучил најпрвин како легален деец, исполнувајќи специфични задачи за Организацијата.
Во јануари 1903 година, по пресретнување на организациска расписка од страна на османлиските власти на која фигурирало неговото име, Арнаудов преминал во илегала заедно со Петруш Чанов и ѝ се приклучил на четата на охридскиот војвода Христо Узунов. За време на Илинденското востание во летото 1903 година, Арнаудов со четата на Узунов зел активно учество во борбите во Охридско. Се истакнал во борбите кај Илинска Црква на 5 август, како и во големата битка кај месноста Рашанец во почетокот на септември 1903 г.
По задушувањето на востанието, на 14 октомври 1903 г. четата се повлекла преку селото Вирово во Бугарија. Подоцна се вратила во Велешко, каде што учествувала во судири кај Стари С’лп (заедно со Андон Ќосето) на 21 октомври и Стари Град на 27 октомври таа година, за подоцна да се спои со четата на Андреј Докурчев. Ламбе Арнаудов и уште 5–6 четници, меѓу кои Скендер, Шешо и Мургаш, решиле да му се предадат на австроунгарскиот конзул во Битола, Август Крал, по што се вратил во Охрид.
Ламбе Арнаудов по востанието живеел во Охрид. Имал четири деца: Димитар, Никола, Петар и Борис. Тој е дедо на македонскиот политичар Ламбе Арнаудов.
По завршувањето на Втората светска војна и воспоставувањето на новата власт, на 15 февруари 1946 година Арнаудов поднесол барање за добивање на Илинденска пензија како признаен учесник во востанието од 1903 година. Власта му одобрила пензија од 1.000 динари месечно, а на 9 август 1951 година тој заедно со револуционерот Димитар Георгиев – Аржанец поднесол и барање за нејзино зголемување.
Наводи
Забелешки
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Добитници на Илинденска пензија