Асфоделов здравец () — вид цветно растение од семејството здравци. Потекнува од Југоисточна Европа, Крим, Закавказје, Турција и Либан/Сирија. Како распространувачко повеќегодишно растение, се препорачува како покривка на земја што привлекува опрашувачи, за градини со камења и чакал, како и за садење под рози.
Опис лево|мини| Обилно цветање Општи одлики и стебло Асфоделовиот здравец е повеќегодишно тревесто растение, високо 20до 60 см, со кус ризом препокриен со остатоци од прилисниците на базалните листови, со вертикално задебелени корења. Асфоделовиот здравец е многу полиморфен вид по однос на влакнавоста.
Стеблото е вертикално или придигнато. Варијабилноста на видот се забележува токму кај стеблото преку два подвида: subsp. asphodeloides: Стеблото е со прилегнати и свртени надолу влакна. subsp. nemorosum: Стеблото е со расперени прости и жлездести влакна.
Листови Листовите обично се тркалезно-петаглести, со широчина од 4 до 6 см, а од двете страни се покриени со прилегнати влакна. Тие се 2/3–3/4 пересто-насечени на 5 до 7 обратно-јајцевидно-клиновидни дела, од кои секој поединечен дел на врвот е насечен на три целокрајни или назабени сегменти со заострени врвови.
Лисните дршки на базалните (кореновите) листови и на долните стеблени листови се 2 до 3 пати подолги од широчината на ламините (лиските). Кај погорните листови дршките стануваат сѐ покуси и имаат прости и жлездести влакна по површината. Прилисниците се црвеникаво-кафеави, јајцевидно-копјести или копјести, со долг и постепено заострен врв, со ситни влакна по работ и ретки влакна на грбната површина.
Соцветие и цвет Соцветието е дифузно, а цветовите се поставени по 2 на заедничка дршка. Дршките на самите цветови и на соцветието се покриени со расперени густи прости влакна и долги жлездести влакна. Со развивањето на плодот, овие дршки се спуштаат надолу.
Чашка и венче Чашката е зелена, со должина од 5 до 7 мм, која малку се зголемува по оплодувањето. Чашкините ливчиња се копјести до јајцевидно-копјести, со кус шилест врв (1–1,5 мм), со полурасперени прости влакна и расперени долги жлездести влакна. Венчето е розе-црвено со виолетови жили, со должина од околу 15 мм. Венечните ливчиња се обратно-јајцевидни, во основата се клиновидни, а на самата основа имаат снопчиња од влакна по работ од двете страни.
Прашници и плод Прашниците се со должина колку и чашката. Филаментите се кончести, розово-црвени, во долната четвртина се ланцетовидно проширени и имаат влакненца по работ. Плодните делови се покриени со расперени куси влакненца и со расперени долги жлездести влакна.
Живеалиште Растението вирее покрај планински грмушки, во проретчени шуми, по работ на шумите и по планински ливади.
Распространетост Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Европа Југоисточна Европа Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Сицилија, Романија, Југославија Источна Европа Крим, Украина Азија Закавказје Азербејџан, Грузија Западна Азија Либан, Турција
Македонија Распространетоста во Македонија зависи од конкретниот подвид: subsp. asphodeloides - познат е само за планината Галичица и нејзините падини. subsp. nemorosum - пошироко распространет подвид, забележан на следниве места: Шар Планина; Бистра (село Беличица); Мавровско (Маврови Анови, Кожа и село Врбен); Кичево (автобуска станица Кладник); Ресен (село Крушје); Крушево; Битола (Смолево); Пелистер; како и на планината Галичица.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растенија опишани во 1759 година Категорија:Флора на Сирија Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Турција Категорија:Градинарски растенија Категорија:Здравец Категорија:Флора на Крим Категорија:Флора на Југоисточна Европа Категорија:Флора на Закавказје Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица