Полнети тиквички — јадење од балканската, турската и средоземната кујна. Ова јадење е вообичаено во областите на поранешното Отоманско Царство, од Балканот до Левант и Египет, како еден вид долма (вид полнето јадење од Балканот, Јужен Кавказ, Средна Азија и Блискиот Исток). Се состои од разни видови тиквички полнети со ориз, а често и мелено месо (говедско или свинско), зготвени на шпорет или печени во рерна. Верзијата со месо се служи топла, како главно јадење. Верзијата без месо се смета за „јадење со маслиново масло“ во грчката, турската и арапската кујна и често се јаде на собна температура или топло.
Подготовка Јадрото и семките од поголеми, пократки, цилиндрични, незрели тиквички се отстрануваат и кратко се варат на тивок оган во солена вода. Понатамошниот процес е сличен на оној за полнети пиперки или сарми — тиквичките се полнат со полнетица од ориз, мелено месо, сечкан кромид и зачини. Потоа се готват на шпоретот или се печат во рерна. Полнетите тиквички и полнетите пиперки често се прават заедно, како мешано јадење. Понекогаш полнетите тиквички се прелиени со мешавина од јајца и павлака пред печење.
Видови Во Левант, ова јадење се зачинува со нане и лук. Некои сорти летни тиквички се консумираат кога се речиси зрели. На Блискиот Исток, речиси зрелите тиквички се полнат со месо и други состојки, а потоа се печат. На Кипар, се полнат цветови на тиквичките.
Поврзано Долма (јадење) Полнети пиперки
Наводи
Категорија:Балканска кујна Категорија:Македонска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Грчка кујна Категорија:Бугарска кујна Категорија:Црногорска кујна Категорија:Босанска кујна Категорија:Српска кујна