Зелена евла (науч. Alnus alnobetula) е грмушка или мало дрво од родот евла, Alnus, широко распространето низ поголемиот дел од Европа, Азија и Северна Америка. Многу извори го нарекуваат Alnus viridis, но ова е подоцнежно име, синоним за Alnus alnobetula subsp. alnobetula. Видот првпат го опишал Јакоб Фридрих Ерхарт во 1783 година како Betula alnobetula, додека името viridis првпат било употребено подоцна, како Betula viridis, во 1785 година.

Опис мини| Лисја и соцветија, subsp. crispa Тоа е листопадна голема грмушка или мало дрво 2,5 метри високо со мазна сива кора дури и во старост. Листовите се сјајно зелени со светло зелени долни површини, јајцевидни. Цветовите се ресички, кои се појавуваат доцна напролет откако ќе никнат листовите (за разлика од другите евли кои цветаат пред да никнат лисјата). Машките ресички се висечки, 4–8 см долги, женските ресички 1 см долги и 0,7 см широки кога созреваат кон доцна есен, во гроздови од 3–10 на разгрането стебло. Семките се мали, 1-2 мм долги, светло-кафеави со тесно кружно крило.

Корењата на зелената евла имаат нодули што го врзуваат азотот. Една студија од Алјаска покажа дека садниците од евла биле способни да навлезат во отпадот од рудниците за јаглен, и можат да се користат за ревегетација и рекултивација на рудници за јаглен.

Распространетост Постојат пет до седум подвидови, од кои некои автори ги третираат како посебни видови. Базата на податоци Plants of the World Online (POWO) моментално прифаќа пет подвида: Alnus alnobetula subsp. alnobetula – Средна Европа Alnus alnobetula subsp. crispa (Aiton) Raus – Северна Америка, Гренланд Alnus alnobetula subsp. fruticosa (Rupr.) Raus – Североисточна Европа, северна Азија, северозападна Северна Америка America Alnus alnobetula subsp. sinuata (Regel) Raus – Северна Америка, Сибир Alnus alnobetula subsp. suaveolens (Req.) Lambinon & Kerguélen – Козрика (ендемски вид)

Два други подвида понекогаш се прифаќаат, subsp. mandschurica и subsp. maximowiczii, обете од далечниот исток на Азија, сега се третираат како посебни видови Alnus mandschurica и Alnus maximowiczii, соодветно, од страна на POWO.

Во Македонија Во Македонија се среќава поединечно или во групи на силикатна подлога. Досега е познат само на Беласица над селото Смолари.

Наводи

Надворешни врски

Alnus viridis - информации, генетски конзервациски единици и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Флора на Алпите Категорија:Евла Категорија:Флора на Македонија