„Фантастика“ е 10-томна библиотека (едиција) на преведена научна фантастика, отпечатена и објавена во 1990 година од страна на новинско-издавачката организација „Просветно дело“ — редакција „Детска радост“ од Скопје.

Изборот на делата во оваа библиотека е направен во соработка со македонскиот писател и академик Влада Урошевиќ. Едицијата опфаќа преводи на класични дела од светската научна фантастика и сатирична проза од XX век, прилагодени за помладата читателска публика.

Список на книги

Едицијата ги содржи следниве 10 наслови:

бр. Наслов на македонски Автор Оригинален наслов Година на изворно издание 1 Ходници на времето Пол Андерсон The Corridors of Time 1965 2 Непретпазливиот патник Рене Баржавел Le Voyageur imprudent 1944 3 Вечниот леб Александар Белјаев Вечный хлеб 1928 4 Марсовски хроники Реј Бредбери The Martian Chronicles 1950 5 Фатални јајца Михаил Булгаков Роковые яйца 1925 6 Кракатит Карел Чапек Krakatit 1922 7 2001: Одисеја во вселената Артур Кларк 2001: A Space Odyssey 1968 8 Времето нема мирис Жерар Клајн Le temps n'a pas d'odeur 1963 9 Времеплов Херберт Џорџ Велс The Time Machine 1895 10 Црниот Санде Зиновиј Јуриев Чёрный Яша 1978

Поврзано Просветно дело Детска радост Влада Урошевиќ Научна фантастика

Категорија:Македонски едиции Категорија:Книги од 1990 година Категорија:Научна фантастика