ФК Ванкувер Вајткапс — канадски фудбалски клуб со седиште во Ванкувер, Британска Колумбија. Моментално се натпреварува во МЛС лигата, како член на Западната конференција.
Клубот е основан на 18 март 2009 година и започнал да игра во 2011 година како 17-тиот клуб кои се приклучил на МЛС лигата. Тие се Феникс клуб и третиот клуб што го користи името „Вајткапс“, кое потекнува од 1974 година од клубот член на Северноамериканската фудбалска лига и било обновено во 2001 година за тим од втората лига кој последен пат играл во УССФ Дивизија 2 во 2010 година. Клубот е во сопственост и управуван од истата група уште од кога биле франшиза од втората лига.
Во сезоната 2012, Вајткапс станале првиот канадски клуб кој се квалификувал за плејофот на МЛС купот. Досега во својата историја имаат освоено пет Канадски првенства и се пласирале во финалето на КОНКАКАФ Купот на шампионите и МЛС купот во сезоната 2025, губејќи ги двата натпревари од Крус Асул и Интер Мајами, соодветно. Клубот се натпреварува, исто така, против долгогодишните ривали од Северозападниот брег на Тихиот Океан, Сиетл Саундерс и Портланд Тимберс во Каскадија купот, трофеј создаден од навивачи кој се доделува врз основа на резултатите од регуларната сезона во МЛС.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот БиСи Плејс, кои има капацитет од 22.120 седечки места.
Бои и дресови Историја на дресовите
Домашни, гостински, и трети дресови.
Домашни
Гостински
Трети
Тренери
Титули Домашни Канадско првенство : 5 2015, 2022, 2023, 2024, 2025
Останати пласмани МЛС куп Финалист: 2025 КОНКАКАФ Куп на шампиони Финалист: 2025
Наводи
Надворешни врски Матична страна
Категорија:ФК Ванкувер Вајткапс Ванкувер Вајткапс Ванкувер Вајткапс Категорија:Ванкувер