КолутЗборот „колут“ го нема во ОДРМЈ и ДРМЈ, но се користи од Бирото за развој на образованието и во стручната литература. — најосновна и темелна вештина на часовите по гимнастика. Постојат многу варијации во вештината. Колутите се слични на преметите по тоа што тие претставуваат целосно превртување на телото, но превртувањето при колутот обично се прави на земја, додека превртувањето при преметот се прави во воздух со колковите што минуваат над главата и без рацете да го допираат тлото. Колутот исто така помага за побезбедно приземјување при пад.
Колут напред десно|мини| Дете кое изведува колут напред мини| Изведување колут со рамената напред Колутот напред е еден од најосновните елементи во гимнастиката и еден од првите што се учат. Изведбата започнува од стоечка положба, по што гимнастичарот преминува во чучната положба, ги поставува дланките во ширина на рамената и свртени напред. Се притиска брадата до градниот кош и се става задниот дел од главата на подот. Потоа се турка од подот со нозете и се врти над главата на грб. Потоа гимнастичарот ги притиска нозете на подот и ги турка рацете напред за да стане. десно|мини| Дете изведува колут напред
Колут назад Колутот назад е сличен на колутот напред, но се изведува во обратна насока. Гимнастичарот започнува од стоечка положба и се спушта во чучната положба со рацете испружени напред. Потоа, рамнотежата се пренесува наназад сè додека задникот не ја допре подлогата. Задржувајќи го сопствениот моментум (залет), гимнастичарот продолжува да се тркала наназад преку грбот кон рамената. Во оваа фаза, дланките се поставуваат покрај рамената (со прстите свртени кон телото), а брадата силно се притиска кон градниот кош. Потоа, со силно оттурнување од подлогата и испружување на рацете, телото го завршува вртењето преку глава. На крајот, стапалата се поставуваат на подлогата и гимнастичарот се исправува во почетната положба.
Страничен колут Страничниот колут може да започне со легнување на грб или на стомак со целосно испружено тело. Потоа, гимнастичарот се тркала на страна и прави целосна ротација на телото, останувајќи напоредно со површината за изведување. Страничен колут може да се изведе и во случаи кога гимнастичарот премногу ќе се занесе (преврти) или ќе ја изгуби рамнотежата во вертикална, предна или странична насока.Debby Mitchell, Barbara Davis, Raim Lopez (2009) "Teaching fundamental gymnastics skills", , Chapter 1: "Gymnastics Basics: Teaching Safely, Teaching Well", section "Side Rolls"
Згрчен страничен колут Згрчениот страничен колут започнува од положба во која гимнастичарот клечи и седи на своите пети, со главата и рацете испружени напред, слично како во положбата на дете во јогата. Од оваа позиција, гимнастичарот се тркала на страна, при што нозете ја задржуваат згрчената положба, сè додека повторно не се врати на колена.British Gymnastics (2009) "Gymnastics", , Chapter 8: "The Family of Rolls", section "Tucked Sideways Roll"
Колут „лимен војник“ или „плишано мече“ Овој колут започнува со седење на подот со широко раширени нозе. Нозете се држат под колената, а телото се наведнува странично кон едното рамо. Потоа, гимнастичарот уште повеќе се свиткува сè додека не се преврти преку грбот, по што повторно се враќа во почетната седечка положба со раширени нозе.British Gymnastics (2009) "Gymnastics", , Chapter 8: "The Family of Rolls", section "Tin Soldier Roll"
Летечки колут лево|мини| Летечки колут десно|мини| Летечки колут преку маса Летечкиот колут (англ. Dive roll) е акробатски скок кој започнува со хоризонтално нурнување нанапред, а завршува со колут напред. Тој се смета за напредна форма на колут напред, со која се прикажува лет во воздухот и меко приземјување. Овој елемент се користи и во други спортови, како што се борењето и паркурот, за да се усоврши движењето за правилно доскокнување (приземјување).
Поврзано Салто
Белешки
Наводи
Надворешни врски Физичко и здравствено образование за III одделение на семрежната страница на Бирото за развој на образованието Од нашата училница
Категорија:Гимнастички елементи Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ