Minuartia hamata е едногодишно цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae.

Опис Ова едногодишно растение високо 3-7 см, Стеблото му е вертикално, од основата се издигнуваат неколку стебленца, зелено или црвеникаво е, со гргурави влакненца. Листовите се обично голи, 10-15 мм долги, линејно шиловидни, со јасно видливи неколку жили. Цветовите, плодните и стерилните, се приседнати и групирани во главичести соцветија. Венечните ливчиња се 5, бели, многу мали, на врвот заострени.

Во Македонија Во Македонија расте по брдски пасишта, еродирани почви, напуштени ниви и песокливи места, од низините до 1400 метри надморска височина. Ова е широко распространето растение.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија Категорија:Флора на Македонија