Cerastium illyricum — едногодишно растение.

Опис Ова е едногодишно растение, високо 1,5 до 12 см, густо влакнесто. Стебленцето е вертикално, обично од самата основа разгрането, со долги густи, испреплетени и свртени надолу влакна. Листовите се до 15 мм долги, долните се лопатовидни, погорните се тесно јајцевидни до елиптични. Цветовите се групирани во дихазиуми, цветните дршки обично се покуси од чашката. Чашкините ливчиња се тесно ланцетни, долги 4-7,5 мм, на врвот заострени, со расперени влакна до самиот врв. Венечните ливчиња се бели, голи, обично наполу помали од чашкините ливчиња.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 265-266

Подвидови Прифатени се овие подвидови:

C. i. brachiatum C. i. crinitum C. i. illyricum

Во Македонија Во Македонија расте по брдските пасишта и тревести места.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа