Cerastium rectum — едногодишно растение.

Опис Ова е едногодишно растение, високо 10-60 см. Стебленцата се вертикални или малку наклонети, најчесто разгрането во горниот дел, со густи, куси расперени, прости и жлездести влакна. Листовите се долги 10-60 мм, цветовите се групирани, цветните дршки еднакви на чашката. Венечните ливчиња се бели, еднакви со чашкините ливчиња, во основата со цилии. Прашниците се 10, а плодникот со 5 столпчиња.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 269

Подвидови

Прифатени се овие подвидови:

C. r. petricola C. r. rectum

Во Македонија Во Македонија расте по брдски и планински пасишта, од низините до 1700 метри надморска височина. Познат е за Жеденска Клисура, Маврово, Мариово, Баба, и Кожуф.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа